Братучедот на пејачката Бијонсе, раперот Мартел Деруен познат како Кардоне, е убиен во неговиот стан, пренесуваат американските медиуми. Семејството пријавило во полиција дека нешто не е во ред откако 34-годишниот рапер неколку дена по ред не одговарал на повиците.
Полицијата го пронашла мртов во неговиот стан во Тексас, со раната од куршум. Според медиумите, за убиството е осомничена 21-годишна девојка, по која полицијата сè уште трага.
„Ништо нема да го врати назад, но таа девојка треба да биде фатена. Таа е опасна и повторно ќе убие. Ако ја видите, јавете се во полиција“, рекла сопругата на Кардоне, Џој, за медиумите.
Beyonce’s cousin Martell 'Kardone' Derouen dies aged 34 'after being shot' in Texashttps://t.co/YUijuWnVsv pic.twitter.com/dXB49opPcI
— Daily Express (@Daily_Express) January 29, 2021