Две лица што биле затрупани во лавина во Швајцарија биле спасени благодарение на нивните кучиња. Нивните миленици со лаење им го привлекле вниманието на други планинари, кои стигнале на местото каде што биле затрупани двајцата планинари.
Лавината ги затрупала додека шетале на југозападот на Швајцарија во долината Аверс, во близина на италијанската граница, во саботата попладнето.
„Нивните кучиња успеале да се спасат од лавината. Со нивното лаење тие успеаја потоа и да си ги спасат стопаните. Групата тргнала кон истата долина, но не забележале лавина“, навеле во соопштението од амбулантната служба „Рега“.
По 15-20 минути упорно лаење, групата планинари веќе била на местото на несреќата и успеале да извлечат еден од планинарите. Другиот бил целосно затрупан. Двете лица добиле полесни повреди и блага хипотермија, па со хеликоптер биле пренесени до болницата, пишува „Гардијан“.