Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминатиот период.
Многумина сега сакаат да си ги купат такви, но не можат затоа што тие повеќе не се произведуваат. За оваа цел, наставничката Џенифер Елис од Вермонт, која ги изработила сега веќе познатите ракавици, пронашла производител што ќе произведува вакви ракавици.
Средствата таа вели дека ќе бидат наменети за добротворната организација Make a Wish Vermont.
„Имам неверојатни вести. Јас се здружувам со Vermont Teddy Bear за да направам ракавици како на Берни. Ракавици за сите“, напишала Џенифер на „Твитер“ и додала дека дел од приходите ќе биде наменет за добротворната организација Make a Wish Vermont.
Наставничката (42) на Сандерс му испрати чифт свои ракавици изработени од стари волнени џемпери обложени со руно од рециклирани пластични шишиња како утешен подарок по губењето на претседателските избори во 2016 година од Хилари Клинтон.
Следната година кога Сандерс повторно се кандидира, Елис дозна дека носел ракавици и дека луѓето ги нарекувале неговите ракавици дека се за рерна, но тој некому му ги позајми.
Елис вели дека била толку трогната што му испратила на Сандерс уште 10 чифта.
Рачно изработените рециклирани ракавици во кафеава и беж боја станаа хит по објавувањето на фотографијата на Сандерс од инаугурацијата на 20 јануари. Тој седеше сам во преклопен стол и се чинеше дека не е импресиониран од атмосферата.
Фотографијата на фотографот од АФП, Брендан Смиаловски, стана првото вирално меме од ерата на Бајден, па Сандерс се појавуваше на сè, од сцените во „Војна на ѕвездите“ до „Последната вечера“ од Леонардо да Винчи.
Многумина побараа да купат чифт од овие одлични ракавици. За жал, јас не ги правам повеќе. Но, сакам да се осигурам дека ќе добиете еден чифт, рече Елис во видеото на Vermont Teddy Bear, објавено на нивната веб-страница.
„Секој што ги сака овие ракавици ќе ги добие“, воодушевено рече наставничката.
Елис за AFP изјави дека три дена по инаугурацијата, добила речиси 13.000 електронски пораки од луѓе што сакаат да купат такви ракавици.
Не само еден чифт – луѓето сакаат многу од нив, додаде таа.