Шеснаесетгодишната Жоу Чун од Кина вели дека првпат кога посетила пластичен хирург имала само тринаесет години. Таа вели дека не се плашела толку од операцијата и дека повеќе ѝ било страв да не остане грда. Жоу вели дека уште од мала нејзините врсници ја исмевале, малтретирале и ѝ говореле дека била грда. Ја нарекувале со погрдни имиња и ја понижувале.
Жоу сега вели дека е зависна од естетските операции. Таа има направено над 100 корекции за три година. Првата операција ѝ била корекција на очните капаци. Овој зафат бил многу популарен меѓу жените во Азија затоа што на жените им давал изглед како на оние во Запад.
Родителите од почеток биле против ваквата операција, но на крајот ја поддржале во нејзината одлука. Нејзиното семејство е богато, има свој бизнис и потрошиле милиони јуни за нејзината операција. Таа и ги уценувала кога не сакале да ѝ ја платат операцијата.
Им се заканила дека ќе го напушти училиштето. Секогаш успевала да ги предомисли. Светските медиуми пренесуваат дека операцијата приближно чинела околу 620.000 долари.
Поради овие нејзини трансформации, таа станала популарна на интернет, особено на платформата Sina Weibo, каде што има над 300.000 фанови. Поради многуте зафати, таа има сериозни последици и можност за губење на памтењето.
Многуте анестезии што ги примила оставиле последици врз нејзиното здравје, но Жоу вели дека не се кае за стореното и дека операцијата вредела.
„Просто не можам да замислам да не одам на операција. Тотално ми е во ред ако не јадам или не пијам вода, но не можам да живеам без пластична операција. Ги обожавам. Анестезијата не ми смета. Кога ќе се разбудам, знам дека ќе будам поубава отколку што бев пред седум дена. Не се плашам од болката, се плашам да не бидам грда“, изјавила таа.
Чун вели дека единствено што жали во целата оваа приказна е тоа што не почнала од порано со операциите.