Четиригодишната Лили Вилдер од Велс пронашла отпечаток од диносаурус на плажа во заливот Бендрикс во долината Гламорган. Научниците веруваат дека овој доказ би можел да ја одгатне загатката за тоа како овој вид животни се движеле.
Отпечатокот што Лили го забележала во јануари е стар 220 милиони години и бил сочуван во калта. Иако е невозможно да утврдат за кој тип на диносаурус станува збор, научниците велат дека отпечатокот бил долг 10 сантиметри и веројатно потекнува од диносаурус висок 75 сантиметри.
Синди Ховелс од Националниот музеј на Велс објаснила дека станува збор за најдобриот примерок некогаш најден на оваа плажа.
Нејзината мајка објаснила дека Сали со својот татко Ричард го откриле отпечатокот и го фотографиле, а потоа им се јавиле на експертите, пренесува Би-би-си. Научниците сметаат дека животното одело на двете задни нозе и дека ловело други помали животни и инсекти.
Познато е дека слични отпечатоци во САД направил и диносаурусот од видот Coelophisis. Се смета дека примероците што биле најдени претходно во заливот Бендрикс повеќе одговараат на влекачи од видот на рептилите крокодили, а не од диносауруси.
Фосилот е изваден оваа недела и е однесен во Националниот музеј во Кардиф, каде што ќе биде сочуван. Диносауруите првпат се имаат појавено пред речиси 230 милиони години, а нивните отпечатоци од нозете може да ја расветлат нивната еволуција,