120 мл масло
220 мл вода
150-170 г брашно
4 јајца
За фил
3 кесички пудинг
1-2 шлаг крем
1. Најпрвин сварете ги трите пудинзи во 700 мл млеко и шеќер околу 100-150 гр. Откако ќе се излади, додадете 1-2 изматени шлаг-кремови.
2. За тестото зовријте ги водата и маслото, па додадете го брашното и постојано мешајте со дрвена лажица. Оставете го тестото целосно да се излади, па постепено матете со миксер и додавајте ги јајцата едно по едно. Треба да добиете густа смеса. Смесата префрлете ја во шприц или кеса за замрзнување.
3. Печете ги во загреана рерна на 180-200 С околу 20-25 минути, без отворање на рерната. Кога ќе се подизладат, наполнете ги со филот и по желба одозгора ставете им чоколадо.