Потребни состојки:
2 плочки лиснато тесто
6-8 ленти пропржена сланина
8 јајца (зачувајте една жолчка за премачкување)
4 лажици млеко
1 помал кромид
магдонос
Начин на подготовка:
Оставете го лиснатото тесто 20 минути да се отпушти малку да може да се обработува. Исечкајте ги претходно испеченте ленти сланина на парченца. Изматете ги јајцата со млекото или кремот за готвење. Исечкајте го кромидот. Наредете еден слој од лиснатото тесто во садот за печење, внимавајте да ги покрие и внатрешните страни од тавата, па избоцкајте го тестото со виљушка да не нарасне непотребно. Наредете го кромидот преку тестото. Измешајте ги исечканиот магдонос и сланината со смесата од јајаца и млеко, па сипете во садот за печење. Покријте ја питата со преостанатото тесто и убаво спојте ги рабовите. Ако има потреба, исечете го вишокот тесто и со тоа украсете го горниот дел од питата по желба. Печете 25 минути на 200 степени.