Чоколадно суфле – лава-колач

Колачот чоколадно суфле, попознат како топло-ладно, е многу едноставен за приготвување.

Состојки:

  • 160 грама темно чоколадо
  •  2 јајца + 2 жолчки
  •  60 милилитри слатка павлака
  •  110 грама путер
  •  70 грама шеќер
  •  1/2 лажица екстракт од ванила
  •  35 грама брашно

Подготовка:

Се топат 60 грама чоколадо во 60 милилитри слатка павлака на пареа. Добро се промешува смесата за да се соедини, па се става во фрижидер да отстои околу два часа.

Се прават шест топчиња од подготвената смеса и повторно се ставаат во фрижидер.

Шест калапи за суфле или за мафини се премачкуваат со путер.

На пареа се топат и преостанатите 100 грама чоколадо со путер и смесата се остава малку да се излади. Се матат јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата. Стопеното чоколадо се меша со брашното.

Тестото се става во калапи, но во секое од нив внатре се става и по едно од претходно подготвените чоколадни топчиња.

Во загреана рерна на 200 степени се печат 15-ина минути сè додека надворешниот слој не биде тврд на допир.

Со остар нож се вадат колачите, па се служат со топка сладолед и овошје по желба.

.

Scroll to Top