Капакот од тоалетната школка на Хитлер се продава на аукција и се очекува да достигне вредност од 15.000 долари. Овој капак го украл американски војник од тоалетот на диктаторот во Бергхоф. Тој капакот потоа го однел во семејната куќа во Њу Џерси и го изложил во својот подрум.
Неговото семејство ќе го продава капакот на аукција следната недела, а препорачаната цена е од 10.000 до 15.000 долари.
Бил Панагопулос од компанијата „Александер окшнс“ рекол дека овој капак „гарантирано е еден од највпечатливите предмети што може да се додадат во колекција со реликвии од Втората светска војна бидејќи е дел од Хитлеровиот личен тоалет.