Чоколадирани ледени банани

Состојки:

  • 6 големи банани
  • 400 г чоколадо
  • 12 стапчиња за раженчиња
  • хартија за печење
  • тегли

Подготовка:

Се лупат бананите, се сечат краевите и секоја банана се дели на два дела. На едниот крај се става по едно стапче, се редат на чинија и се оставаат во фрижидер еден-два часа додека да бидат убаво замрзнати. Кога ќе се замрзнат бананите, се топи чоколадото. Потоа се префрла во тегла.  Замрзнатите банани се топат во чоколадото, па се задржуваат малку да се исцеди вишокот чоколадо. Се оставаат на чинија обложена со хартија за печење.

Се декорира со чоколадни трошки, мелени ореви или бисквити по желба. Потоа се враќаат во замрзнувач до послужување. Вака подготвените банани може да се чуваат во замрзнувач до еден месец.

Scroll to Top