Почина Лари Флинт, кралот на порноиндустријата

Контроверзниот издавач на порнографското списание „Хаслер“, Лари Флинт, почина во Лос Анџелес на 78-годишна возраст. Тој почина во средата откако му откажало срцето.

Лари Флинт беше еден од најзначајните лица во индустријата за забава за возрасни, но светската слава ја постигна дури во текот на спорот со властите на САД околу слободата на изразување.

Тој го основа „Хаслер“ во 1974, со кој стекна голема слава и богатство, но му донесе и многу проблеми со законот.

 

Scroll to Top