Компирот е омилено јадења на многумина, а овој рецепт е осебен и се прави на брз и лесен начин.
Состојки:
- 1 кг компири
- 1 кромид
- 4 варени јајца
- 1 јајце
- 1 мала шолја кисела павлака
- сол и црн пипер
Подготовка:
Се лупи компирот и се вари во солена вода заедно со јајцата. Компирот се лупи и се сече на подебели кругови, а кромидот на помали кругови. Се става масло на сад за печење, па се додава кромид, компир, сечени варени јајца, и така додека има смеса. На крај се става мешавината од јајце матено со павлака и зачини. Се пече на загреана рерна на 200 степени додека не добие убава боја и кора.