Посвета на Леди Ди: и принцезата Дијана ја објави втората бременост на Св. Валентин исто како Хари и Меган

 

Хари и Меган не случајно го избраа Денот на вљубените за да објават дека го чекаат второто дете. Точно 37 години порано на Св. Валентин, Бакингемската палата официјално потврди дека принцезата Дијана е бремена вторпат, а на 15 септември 1984 се роди Хари, кој во тој момент беше трет во редот за наследство на тронот.

Британските медиуми се потсетија на тој ден откога Хари и Меган ја објавија веста. Леди Ди, која тогаш имаше 22 години, изјави дека ѝ е сеедно дали да биде машко или девојче, а друг весник во тоа време објави фотографија на 20-месечниот Вилијам додавајќи дека забавата и неволјите би биле поголеми ако е тоа уште еден син.

„Поранешни кралски традиции, астролози и обложувачници сугерираат дека Вилијам ќе добие сестра“, пишуваше тогаш „Дејли мирор“.

Хари и Меган за Св. Валентин објавија црно-бела фотографија. Тие го добија синот Арчи Харисон на 6 мај 2019, а убавата вест следува неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус.

Scroll to Top