Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој последниве месеци испеа неколку македонски песни, ја препеа и „Кога падна на Пирина“, песна посветена на револуционерот Јане Сандански. И овој пат тој доби пофалби за пеењето, но и за изборот на песната.
Котецу претходно ја препеа „Македонско девојче“, а „Ако умрам ил’ загинам“ првин ја сними сам, а потоа направи и дует со позната јапонска оперска певица.