Ќерката на легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ, Јелена Беба, е скршена од болка поради загубата на нејзинот татко, легендарниот кантавтор.
Таа за медиумите само кратко одговорила и ја потврдила веста дека Балашевиќ починал од коронавирус. Медиумите пишуваат дека лекарите се обидувале повеќе од два часа да го вратат во живот. Тажната вест прва ја потври неговата сопруга Оливера.
За потсетување Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад. Неговата сосотјба потоа се влошила, а лекарите иако ги превземале сите мерки, до подобрување не дошло.
Извор близок до семејството откри дека пред Балашевиќ да замине на интезивна нега, побарал да се слушне со неговата сопруга Оља. Претходно тој десет дена се лечел дома, но состојбата не му се подобрила, а интезивната нега била неопходна.