Во чест на заминувањето на големата музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ, Радио Бубамара од вчера, 24 часа пушта само негови песни.
„Лузер“, „Словенска“, „Не ломите ми багрење“, „Панонски морнар“, „Провинцијалка“, „Рингишпил“, „Не го сакам јануари“ се само некои од песните во кои слушателите можат да уживаат. Со овие песни израснаа многу генерации.
За потсетување, Балашевиќ почина вчера од коронавирус. Многу пејачи, актери, спортисти, политичари од цела поранешна Југославија се простија од него на социјалните мрежи. Велат, не можат да поверуваат дека си замина човекот со чии песни растеле, се заљубувале и раскинувале.