Стилиститете ја најавија mousy, техника на бојадисување на косата, трендот што ќе ја одбележи оваа пролет.
Трендовите се менуваат со голема брзина и се вртат во круг, па на ред повторно дојдоа и перчињата во природни тонови.
Сезонава акцентот е ставен на едноставните решенија, а таква е и оваа техника на бојадисување.
Откако почна пандемијата на коронавирус, модните и бјути-трендовите се променија. Се бараат практични и едноставни фризури кои не бараат постојани посети во салони, за косата да изгледа убаво и негувано.
Моментално, најпопуларната техника на бојадисување коса го носи називот mousy. На оваа техника на извлекување перчиња не одолеале ни Џенифер Лопез, ни Џесика Алба.
Техниката mousy, што во превод значи невпечатливо, е фантастичен начин да направите дискретна, а истовремено и многу убава промена.
Поентата на овој начин на бојадисување на косата е да се задржат природните нијанси, само неколку тонови посветли од природната боја. Овие нијанси се нежни, женствени и одлично им прилегаат на сите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram