Две непознати лица ги украле кучињата на Лејди Гага откако го нападнале Рајан Фишер, човекот што ги чува додека е таа во Италија. Напаѓачите испукале четири куршуми во неговите гради и ги украле кучињата.
Кога пристигнала полицијата тој бил свесен, но едвај дишел, па бил пренесен во болница во критична состојба.
Според ТМЗ, Фишер ги шетал кучињата на Лејди Гага затоа што таа моментално е во Италија каде што снима филм. Неименуван извор изјавил дека пејачката е многу вознемирена и дека нуди половина милион долари за киднаперите да ги вратат нејзините миленици. Едно куче успеало избега, а две биле украдени.
Полицијата ги опиша напаѓачите како двајца Афроамериканци во бел автомобил БМВ. Медиумите во Америка пишуваат дека украдените кучиња биле француски булдози и дека е можно луѓето што ги украле да имаат намера да ги препродадат.