Пејачката Марија Шерифовиќ ја посети малата Миња Матиќ, девојчето за кое направи хуманитарен-онлајн концерт и собра пари за нејзиното лекување во Америка. Пејачката објави фотографии од нив двете на плажа.
„Нема навистина смисла само јас да се сончам и капам. Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Бог да не види“, напиша Марија.
Миња боледува од мускулна атрофија на ‘рбетниот столб и не може да ги движи рацете и нозете. За нејзиното лекување во Америка, Марија организираше маратонски хуманитарен онлајн-концерт во декември минатата година и собра околу 166.666 евра.
Со донациите за лекување на Мина помогнаа и многу други јавни личности во Србија. Донации уплатија и фудбалерот Немања Матиќ (10.000 евра) и кошаркарот Немања Недовиќ (2.000 евра), Лука Јовиќ дал околу 2.000 евра, исто колку и Душко Тошиќ, а жирито на „Ѕвездите на Гранд“ заедно собрале 1.700 евра.
View this post on Instagram