Кремаст колач со лимон

Потребни состојки:

2 чаши шеќер
½ чаша путер омекнат
5 јајца
1 чаша млеко
1 лажица сенаменско брашно
1 лажица пченкарно брашно
⅛ лажиче сол
лажици кора од лимон
¼ чаша сок од лимон, свежо исцеден

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степен. Додадете ги шеќерот и путерот во садот и матете со миксер околу една минута додека да се соединат добро. Додадете ги јајцата и матете додека не станат лесни и меки. Додадете млеко, брашно, пченкарно брашно, сол, кора од лимон и сок од лимон и продолжете со мешање уште една минута. Смесата ќе биде прилично течна. Истурете од филот во калапот (може да користите два одделни калапи со размер од 45см). Ставете го плехот во рерна и печете 35 до 40 минути или додека горниот дел не порумени и средината на питата повеќе не тресне, туку ќе стане кремаста. Изладете ја питата пред да ја послужите.

Scroll to Top