Американскиот топ-модел Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер, станаа родители. Веста за раѓањето на бебето ја откри Џошуа преку „Инстаграм“.
„Добредојде на овој свет“, напиша тој на сликата.
Ова е прво бебе на манекенката и бизнисменот, кои се венчаа 2018 година. Тие претходно шест години беа во врска.
Карли откри дека чека бебе лани во окромври и оттогаш неколку пати зборуваше за тоа како бременоста ја променила и неа, но и секојдневниот начин на живот.
Популарната манекенка изјави и дека е среќна што останала бремена на 28 години, кога почнала да размислува и за крај на кариерата. Оваа изјава доаѓа откако модното списание „Вог“ ја избра меѓу 30. најдобри модели во 21 век.
View this post on Instagram