Кантри ѕвездата Доли Партон наскоро ќе добие свој вкус на сладолед. 75-годишната пејачка почна соработка со сладоледите „Сплендид“ за да изработи специјален нов вкус на сладолед, кој ќе се појави во продажба до почетокот на летото.
Приходите од проажбата на секој сладолед со нејзиното име ќе одат за непрофитната организација Imagination Library на Доли.
Вкусот на сладоледот сè уште не е објавен, но Доли вели дека ќе биде изненадување и сладок како неа.