Математичарот Алексиј Тасиќ од Скопје, на 14 години освои златен медал на Меѓународната иранска геометриска олимпијада. На натпреварот учество вообичаено земаат 50 до 60 земји и се натпреваруваат околу 5.000 натпреварувачи.
„Учествував во елементарно ниво, кое е наменето за учениците од основните училишта. Освоив златен медал, со трета позиција, и се наоѓам меѓу кинескиот и над целиот руски тим. Особено сум горд поради тоа што ги имав сите поени на петтата задача, која само уште еден натпреварувач од цел свет ја реши“, вели Алексиј.
Тој учи во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром и е деветто одделение. Љубов и вистинска поддршка кон овој предмет добивал од мајка му Елизабета, која е професор по математика.
Прочитајте повеќе на Деца.мк