Едноставна подготовка на вафли за здрав појадок или десерт, изборот е ваш.
Состојки
- 1 банана
- 2 јајца
- 150 гр овес
- 1 лажиче цимет
- 2 лажички печиво
- 125 мл бадемово млеко
За прелив
- 1 пакување микс семиња
- 1 пакување агаве-сируп или мед
Во блендер се ставаат првин овесот и бананата, па сите други состојки и се соединува смесата, па се почнува со печењето на вафлите. Апаратот за вафли се премачкува со масло и секоја вафла откако ќе се оформи, се премачкува исто.
Печените вафли се служат со агаве-сируп или мед и се попрскуваат со суво овошје и јаткасти плодови.