„Добро утро, Огњанци“, вели дамата возач на автобус на ЈСП , Макфире Шакири, пред да го почне работниот ден

„Добро утро од Огњанци! Ви посакувам убав ден, добри луѓе“, со оваа реченицa си ја опиша својата фотографија Макфире Шакири, дамата која со години е возач на автобус во ЈСП. Таа со позитивна мисла сака да ѝ тргне работниот ден. Па, така и вели на својот профил.

Иако во светот, веројатно, веќе и не е некоја новост да видите жена како вози автобус, кај нас во Македонија се бројат на прсти. Макфире Шакири е една од нив. Таа веќе подолго време е возач на автобус во ЈСП, а пред некој ден на својот фејсбук-профил сподели фотографија од себе како позира пред автобусот на ЈСП.

Таа е една од ретките жени возачи на автобуси, но вели дека лесно и бргу се снаоѓа во секоја ситуација, а згора на тоа е и самохрана мајка.

 

 

Scroll to Top