Милфеј со шумско овошје

Состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 150 г прав шеќер, плус за посипување

За кремот:

  • 600 мл млеко
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 4 жолчки
  • 75 г шеќер
  • 2 лажици нишесте
  • 150 г јагоди
  • 150 г малини
  • 150 г боровинки
  • 2-3 гранчиња рибизли

  

Подготовка:

Тестото се дели на три дела и секој дел се расукува во долг правоаголник, на работната маса посипана со шеќер во прав. Се посипува површината на секое парче лиснато тесто со прав шеќер и се става во сад за печење обложен со хартија. Се пече секое парче по 10-15 минути или додека се карамелизира на површината. Постапката се повторува со останатите парчиња тесто и се остава да се изладат.

За тоа време се прави кремот –  се загрева млекото со ванила екстрактот во еден сад. Жолчките со шеќерот и нишестето се мешаат. Половина од млекото се сипува во жолчките и се меша константно, а потоа оваа смеса се додава во садот со останатото млеко и се вари на средна температура додека се згусне кремот.

Готовиот крем треба да се остави да излади во сад покриен со тенка крпа за да не се формира кора на површината. Во еден сад исе мешаат јагодите (ако се крупни исечкајте ги на половинки) со малините и со боровинките. На првата кора се става од филот потоа одозгора половина од мешаното овошје. Па се става следната кора и втората половина од филот, а над него останатото овошје. Се покрива со третата кора, се посипува со прав шеќер и се украсува со рибизлите.

Scroll to Top