Сто и единаесе годишната баба Зенепе Пирани ја прими вакцината против коронавирусот. Таа е најстарата жена во местото Скадра во Албанија. Преживеала две светски војни и две светски пандемија. Таа е една од најстарите лица кои се вакцинирале против ковид 19.
Според пишувањата на некои медиуми, Пирани е родена во 1910 година, а во Скадар пристигнала пред 97 години, заедно со уште четирите сестри и родителите. Се свршила на 16 година и останала во Албанија, за разлика од нејзиното семејство, кое по војната се вратило во Црна Гора.