Илон Маск објави дека Американците можат да ги купуваат неговите автомобили „Тесла“ со биткоин

Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, објави дека од сега во САД ќе може да се купуваат автомобили од неговата компанија и со криптовалутата биткоин.

„Сега можете да купите автомобил ‘тесла’ со биткоин“, напишал тој на „Твитер“ во вторникот доцна вечерта, додавајќи дека луѓето надвор од САД ќе можат да ги купуваат неговите автомобили нешто подоцна оваа година. Тој не прецизираше за кои земји станува збор, пренесува CNCB.

Маск минатиот месец открил дека „Тесла“ купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека наскоро неговата компанија ќе почне да ја прифаќа најпопуларната светска криптовалута како средство за плаќање.

 

Scroll to Top