Потребни состојки:
400 г кори за лазањи
300 г печурки
3 чешниња лук
3 лажици брашно
3 лажици путер
400 мл млеко
Сол и бибер
Кашкавал
Начин на подготовка:
Ставете ги листовите лазањи во врела вода, а рерната вклучете ја на 200 степени. Пропржете ги кромидот и лукот, извадете ги од тавата и растопете путер. Додајте брашно и мешајте 2 минути, потоа прелијте со млеко и мешајте додека да добиете густ сос. Редете во тава малку од сосот, кори, па печурки, сè додека да ги потрошите сите состојки. Наросете со кашкавал и запечете ги во рерна.