Американската актерка Хилари Даф по трет пат стана мајка, а радоста за приновата ја сподели со семејна фотографи на социјалните мрежи.
На семејната фотографија актерката позира заедно со сопругот, двегодишната ќерка Бенкс, деветгодишниот син Лука, како и новородениот син.
„Меј Џејмс Бер, те сакаме убавецу“, напиша Хилари под неа, додавајќи го и 24 март, датумот на раѓањето на синот.
Бебето Меј е второ дете на Даф од сопругот Метју Комо, со кого е во брак од декември 2019 година. Заедно ја имаат и ќерката Бенкс, додека синот Лука е од нејзиниот прв брак со Мајк Комри.
View this post on Instagram