(Фото) Хилари Даф третпат стана мајка

Американската актерка Хилари Даф по трет пат стана мајка, а радоста за приновата ја сподели со семејна фотографи на социјалните мрежи.

На семејната фотографија актерката позира заедно со сопругот, двегодишната ќерка Бенкс, деветгодишниот син Лука, како и новородениот син.

„Меј Џејмс Бер, те сакаме убавецу“, напиша Хилари под неа, додавајќи го и 24 март, датумот на раѓањето на синот.

Бебето Меј е второ дете на Даф од сопругот Метју Комо, со кого е во брак од декември 2019 година. Заедно ја имаат и ќерката Бенкс, додека синот Лука е од нејзиниот прв брак со Мајк Комри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)

Scroll to Top