Торта без печење, со готов ролат

Состојки:

  • готов ролат (се сече на парчиња)
  • 4 јајца
  • 7 лажици брашно
  • 5-6 лажици шеќер
  • 50 грама шеќер во прав
  • 700 милилитри млеко
  • 250 грама маргарин или путер
  • Шлаг (за декорација)
  • јагоди (за декорација)
  • Чоколадни трошки (за декорација)

  

Подготовка:

Се соединуваат јајцата, брашното и шеќерот со 200 милилитри млеко. Потоа, се става преостанатиот дел од млекото, односно пола литро да се свари. Откако ќе зоврие, се додава во него смесата и се вари како пудинг.

Настрана, се мати маргаринот со 50 грама шеќер во прав. Се соединува оваа смеса со претходната, која треба да изгледа како крем.

Потоа, садот се обложува со фолија, па врз неа се ставаат неколку парчиња од претходно исечениот ролат. Се истура кремот, а одозгора се реди со останатите парчиња од ролатот.

Се остава да се олади, па се декорира по желба. Предлог шлаг, јагоди и чоколадни трошки.

 

Scroll to Top