Tаткото на Расел Кроу почина во авион, екипажот го реанимирал 20 минути

Таткото на актерот Расел Кроу, Џон Александар Кроу (85), починал во авион на летот за Кофс Харбур, град во Австралија, каде што живее последните 25 години.

Екипажот во авионот се обидел да му го спаси животот, но без успех, пишува „Мирор“. Според патниците, персоналот и лекарите во авионот го реанимирале дури 20 минути.

„Беа неуморни, продолжија со реанимацијата дури и кога авионот слета“, рекол Ендру Фрајзер, патник во авионот.

Веста за смртта на татка си ја потврди и глумецот на „Твитер“.

Scroll to Top