Таткото на актерот Расел Кроу, Џон Александар Кроу (85), починал во авион на летот за Кофс Харбур, град во Австралија, каде што живее последните 25 години.
Екипажот во авионот се обидел да му го спаси животот, но без успех, пишува „Мирор“. Според патниците, персоналот и лекарите во авионот го реанимирале дури 20 минути.
„Беа неуморни, продолжија со реанимацијата дури и кога авионот слета“, рекол Ендру Фрајзер, патник во авионот.
Веста за смртта на татка си ја потврди и глумецот на „Твитер“.
I arrived back in the bush last night.
Today, although the sun is shining and the torrential rain has abated, this date will forever be tinged with sadness.
My dear old man, my beautiful dad, the most gentle of men, has passed away.— Russell Crowe (@russellcrowe) March 30, 2021