На Евровизија годинава ќе има публика

Максимум 3500 фанови ќе можат да го проследат годинашниот европски избор за најдобра песна. Холандската влада ќе дозволи оваа година, Евровизија да ја следат максимум 3500 лица.

Сите кои ќе сакаат да присуствуваат во арената Ахој во Ротердам, ќе мора да покажат негативен тест на ковид-19. Надлежните велат дека настанот ќе се одржи со почитување на сите епидемиолошки мерки.

За потсетување, Евровизија беше откажана минатата година, а оваа ќе се одржи во мај во Ротердам на 18, 20 и 22 мај.

 

Scroll to Top