Пејачката Јелена Карлеуша направи одмор од снимањето во „Ѕвездите на гранд“, и замина во Дубаи со нејзините две ќерки Атина и Ника. Таа објави фотографии додека јаваше на камили низ пустината, но и од егзотичните Емирати.
Таа деновиве беше во центарот на јавноста, по скандалите кои се случија во „Гранд“, кога една од кандидатките Вања Кнежевиќ, беше избркана од шоуто, поради навредувачките пораки кои ги објави јавно. Исто така Карлеуша изгуби на суд од Цеца, заради клевета.
Таа ја обвини Цеца дека таа го наредила убиството на нејзиното поранешно момче.