Оваа будала конечно ќе ми се тргне од грб: Цеца ја доби Карлеуша на суд

Судот во Белград пресуди во корист на Цеца Ражнатовиќ во спорот со Јелена Карлеуша. Пред неколку години, Цеца ја тужеше Карлеуша за клевета бидејќи таа јавно кажа дека Цеца стои зад убиството на нејзино поранешно момче. Сега Јелена ќе мора да ги плати судските трошоци и дополнителната казна што ќе ѝ ја изрече судот.

„Оваа будала еднаш засекогаш ќе ми се тргне од грб. Ова е крај“, рекла Цеца откако излегла од судот.

Карлеуша, пак, лута, ги опцула новинарите што чекале нејзина изјава, пишуваат српските медиуми.

За потсетување, Цеца и Јелена не разговараат уште од времето кога Аркан беше жив, а Јелена коментираше дека пејачките  за неа се ороспии. На првата средба меѓу Карлеуша и Аркан, тој за малку ќе ѝ удрел шлаканица поради оваа изјава, пишуваа тогаш медиумите.

„Правдата е на моја страна. Таа во своето неконтролирано плукање врз мене ги спомнува и моите деца, а тоа најмногу ме боли. Па и таа е мајка, има две ќерки, како може да не чувствува срам?“, додала Цеца по судењето.

Иако судот пресуди во корист на Цеца, Карлеуша има право на жалба.

Scroll to Top