„Го чувствував неговиот здив додека го молев да престане “- актерката Мерима Исаковиќ по 40 години го обвини Лечиќ дека ја силувал

Познатата актерка Мерима Исаковиќ, која денес е успешен психолог, во интервју за „Србија тајмс“ откри како пред 43 години била силувана од српскиот актер Бранислав Лечиќ. Таа откри дека Лечиќ ја силувал кога таа имала само 18, а тој 22 години.

„Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и го молам народот ова внимателно да го слушне. Имав само 18 години. Тој ме турна во станот. Ми кажа да не се обидувам да викам, дека никој нема да ме слушне и ме турна на земја. Го почувствував неговиот здив, тој застрашувачки поглед, празен и црн. Имаше очи без душа. ‘Знаеш ли кој сум јас? Треба да ти е чест што те сакам’, ми викаше додека ме силуваше. Во мене врескаше глас, додека тој ја користеше мојата немоќ. Го молев бога да престане“, изјавила Исаковиќ.

 

Scroll to Top