(Видео) Пејачот Ѓоко Јовиќ стана овчар оти нема пари од музиката

Поради пандемијата заради која немаат ниту настапи ниту свирки, музичарите бараат чаре и нова работа. Па така, фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ, реши да го остави пеењето за да чува овци. Неговата сопруга Ивана објави видео на кое Ѓоко тера стадо овци.

„Ѓоко си најде работа. Бизнисот му оди од рака, за сè го бидува“, напиша таа на видеото на кое се слуша Ѓоко како вика: „Ајде тазе млеко, тазе сирење, ајдееее“.

Претходно и неговиот колега Панчо реши да му се посвети на сточарството и напиша дека каде има чесна и напорна работа, таму се и парите. Тој за „Репортер“ ни кажа дека градот полека изумра и дека станал место на изопачени вредности со луѓе полни завист и омраза.

„Одам во село Бревеница. Ги вложив последните пари во добиток, грло кози и овци и си одам. Веќе нема добри луѓе во градот и затоа решив да се преселам на селото“, раскажа неодамна Панчо за „Репортер“.

Парите од албумите кои ги носеа лично на врата ДНК ги донираа за Тино и Тео кои останаа без татко

Scroll to Top