Пејачот Ѓоко Јовиќ за Ѓурѓовден објави фотографија од нивата на која почнал да работи во неговото Валандово. Вели дека сега почнал да продава домати бидејќи од музика не се живее.
Пандемијата со коронавирусот ги остави музичарите без свирки, па сега секој се снаоѓа како може и умее. Претходно сопругата на Ѓоко објави видео од него и се пофали дека почнал да чува овци. Таа се пошегува и напиша дека одлично му оди со бизнисот во сточарството.
Вчера му беше именден на Јовиќ, фановите му честитаа и му посакаа среќа во земјоделството и продажбата на домати.
Парите од албумите кои ги носеа лично на врата ДНК ги донираа за Тино и Тео кои останаа без татко