(Видео) Васил Гарванлиев со лош коефициент во обложувачниците, од пробите, пак, има позитивни критики

Македонскиот претставник на Евровизија 2021, Васил Гарванлиев, има лош коефициент во обложувачниците што се занимаваат со пласманот на учесницитe.

Додека Фанција веќе подолго време е на првото место со коефициент 4, а веднаш по неа е Малта, Гарванлиев е со коефициент 500 или минимални шанси за победа.

Тој, според обложувачниците, е на 33. место, со помалку од еден процент можност за победа. Сепак, неодамна тој деновиве веќе ги имаше двете проби, кои поминаа прилично забележително и имаа одлични критики. Не ретко се покажало дека обложувачниците не се релевантни за пласманопт на Евросонг.

Инаку, двете полуфинални вечери на Евросонг ќе се одржат на 18 и 20 мај, а финалето ќе биде на 22 мај.

(Видео) Васил имаше прва проба во Ротердам: Вистинска магија, велат фановите на Евросонг

Scroll to Top