Нема ништо поубаво до десерт кој се спрема и се јаде во краток рок.
Состојки за фил:
- 1 л. млеко
- 100 г. шеќер
- Екстракт од ванила по вкус
- 20 г. путер
- 100 г. брашно
- 5 лажици какао во прав
Дополнителни состојки:
- 450 г. кекс
- 100 мл. млеко
- Шлаг крем од ванила
Подготовка: Најпрво згответе го филот, потоа кексот потопете го во млеко и наредете го по дното на калапот и прелијте го филот. Процесот повторувајте го сè додека имате материјал. Ставете шлаг крем и декорирајте по желба. Пријатен апетит!