Лута кајгана со печурки

Потребни состојки:

2 лажици путер,
1 млад кромид,
1 мала лута пиперка,
1 лажичка рендан свеж ѓумбир,
1 лажичка ситно сечкан лук,
150 гр шампињони,
1 лажичка мелен коријандер,
1/2 лажичка куркума во прав,
4 големи јајца,
1 лажичка сок од лимон,
сол, бибер по вкус

Начин на подготовка:

Испржете го исечканиот млад кромид во маслиново масло, а потоа додадете го изренданиот ѓумбир, ситно сечкан лук, бибер и други зачини. Често мешајте и пржете неколку минути, а потоа додајте ги исчистените исечени печурки. Кога печурките ќе ја ослободат водата, додајте ги јајцата што претходно сте ги изматиле со вилушка. Пржете, мешајќи, додека јајцата не почнат да се намалуваат, а потоа промешајте го сокот од лимон и послужете веднаш.

Scroll to Top