Потребни состојки:
1,7 кг свежи малини
500 гр шеќер
Начин на подготовка:
Ставете ги измиените малини во тенџере и посипете ги со шеќер. Гответе до саканата густина, постојано мешајќи. Оптимално околу 45 мин. Ставете го топлиот џем во претходно загреани тегли. Потоа затворете ги убаво и ставете ги во рерна 90 минути на 90 степени. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ да остинат.