Состојки:
- 2 јајца
- 130 гр шеќер
- 70 гр масло
- 170 гр брашно
- 40 гр какао
- еден прашок за печиво
- 3 гр сода бикарбона
- 130 мл зовриена вода
- калап за торта со пречник од 18 см
За глазура:
- 30 гр путер
- 50 мл млеко
- 80 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги маслото, брашното, какаото, прашокот за печиво и сода бикарбоната. Продолжете да матите сè додека не добиете хомогена смеса. На крајот додадете и 130 мл зовриена вода, измешајте и истурете ја смесата во калапот за печење.
Рерната загрејте ја на 180 степени и печете помеѓу 45 и 50 минути. Кога ќе се испече, извадете ја тортата од калапот и отсечете го врвот. Од деловите на кората што ги исековте направете декорација.
Подготовка на глазурата:
Во помал сад ставете путер и млеко и истопете ги на среден оган, а потоа додадете и парчиња чоколади. Кога сè ќе се истопи, глазурата е спремна.
Со глазурата прелијте ја кората, а горниот дел од кората, која претходно ја исековте, сомелете ја во сечко и со неа украсете ја тортата.
Во видеото подолу видете како изгледа целата постапка:
https://youtu.be/tvpG08mrVKA