Потребни состојки:
5 тиквички, сечкани
5 чаши вода
2-3 коцки пилешки бујон
1 пакетче крем-сирење
Начин на подготовка:
Промешајте ги исечените тиквички со вода и пилешката супа во голем сад. Кога ќе зоврие, намалете го огнот на средна температура. Ставете капак и оставете супата да врие 20-ина минути. Повремено мешајте. Потоа додадете го крем-сирењето и мешајте додека сирењето не се стопи. Оставете да проврие уште 5 минути. Мешајте ја супата додека не стане хомогена и сервирајте ја топла.