Десетици туристи кои ја посетила Сардинија се соочуваат со казни до 3.000 евра оти земале песок и школки од плажите. Според информациите на властите, 41 лице е пријавено за кражба на околу 100 килограми предмети од плажите. Земањето на белиот песок од плажите на Сардинија е строго забрането, а трговијата со песок, камчиња и школки е незаконска од 2017 година.
Локалните жители со години се жалеа дека туристите крадат песок, го полнат во шишиња како сувенир или за да го продаваат онлајн. Во 2019 година, француска двојка беше фатена со 40 килограми песок во своето теренско возило.
Воената и граничната полиција на Сардинија со години наназад набљудува аеродроми и пристаништа и пребаруваат интернет сајтови за да спречат илегални изнесувања и продажби. Полицијата кажа дека во изминатите денови открила десетици реклами на интернет во кои се нудат предмети нелегално собрани од брегот на Сардинија.
Оваа година веќе биле изречени казни од вкупно 13.000 евра, а украдените предмети биле вратени во областите од кои биле земени.