Состојки:
- 1 л. млеко
- 3 пудинзи по желба
- 250 гр. путер
- 100 гр. бела чоколада
- 300 гр. кекс
- 500 мл. шлаг
- 7-10 лажици шеќер
- 500 гр. јагоди
Подготовка:
Вкусот на пудингот изберете го по желба – може тоа да биде вкус на павлака, ванила или јагода. Сварете го со млекото, а количината шеќер ставете ја по вкус.
Во топлиот пудинг стопете путер и чоколада. Искршете го кексот и додадете го во кремот.
Во чинија редете ред фил со кекс, па ред исечкани јагоди и така повторувајте ја постапката сè додека не го потрошите сиот материјал. Кој сака, може и само два реда. Кога добро ќе се излади, украсете со шлаг и сечкани јагоди.