Јапонскиот оперски пејач и вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, најави на Твитер дека ќе ја испее македонската химна во Јапонија пред натпреварот Македонија – Австрија на Европското првенство во фудбал в недела.
Басот од Токиската опера, кој испеа десетина македонски песни и ги сподели на Јутјуб, и на овој начин сака да ѝ даде поддршка на земјата што ја засакал при нејзината посета и настапите на сцената на Македонската опера и балет.
🇲🇰vs🇦🇹❗️
I’ll sing the Anthem from Japan‼️https://t.co/hAe2mqYGx2
— Kazuhiro KOTETSU 小鉄和広 (@KazuhiroKotetsu) June 11, 2021