Поранешниот маж на Џенифер Лопез, Марк Ентони, со кого ги има близнаците Ема и Макс, не е среќен што таа е повторно во врска со Бен Афлек. Според британските медиуми, тој е загрижен и за Џенифер и за нивните две деца.
„Марк смета дека сето ова е пребрзо. До пред помалку од два месеца таа беше свршена со Алекс Родригез, а сега го сака Бен. Тој е загрижен за нејзиниот брз влез од врска во врска, особено што во романсата ги вклучува нивните деца. Алекс во последните четири години беше голем дел од животот на Ема и Макс и близнаците сè уште се обидуваат да се помират со фактот дека тие веќе не се семејство, а мајка им веќе најде ново момче“, рекол извор близок до Ентони за „Клоусер Ју-кеј“.
Според истиот извор, Марк ѝ кажал на Џенифер дека не е среќен со нејзините одлуки. Поранешните сопружници пред неколку дена беа на ручек во Лос Анџелес.
„Ема и Макс се многу чувствителни деца и во последните неколку години тие се приврзаа многу со ќерките на Алекс Родригез со кои практично живееја под ист покрив. За нив сè уште е свежо и се навикнуваат на ситуацијата каде изгубија две сестри преку ноќ, па им треба време да видат во децата на Бен и воопшто во него ново семејство“, рекол изворот откако неколку списанија пишуваа дека Џенифер и Бен сакаат да ги запознаат децата.
За потсетување, Џенифер од бракот со Ентони ги има Еме и Макс, а Афлек во бракот со актерката Џенифер Гарнер има три деца – ќерките Вајолет (15) и Серафина (12) и синот Семјуел (9).